Enjoy the atmosphere, our cuisine and selection of drinks. In our restaurant and bar, anyone can feel the warmth and hospitality of our service.


Rent A Car

За гостите од хотелот 15% попуст !

55€ на ден
50€ на ден
45€ на ден
45€ на ден
Изнајмување кола - правила и услови

Договор за наем на кола
TIVOLI во понатамошниот текст наемодавателот, дава под наем возило на наемателот, чии податоци – генералии се наоѓаат на предната страна од овој договор, под следните одредби и услови:

член 1

1. Наемодавателот своерачно го потпишувадоговорот за наем, со што се согласува и во целост ги прифаќа сите одредби и услови од Договорот.
2. Наемателот ги прифаќа цените и останатите услови за наем наведени во приложените во приложениот ценовник како составен дел од овој договор.
3. Со возилото може да управува само лице кое поседува бозачка дозвола со важност од најмалку две години, и навршени 21 година старост.
4. Наемателот возилото го превзема:
- во исправна состојба со опрема,прибор и документи
5. Наемателот е должен да го врати возилото на наемодавателот во пропишан рок и место од овој договор.
6. Важноста на овој договор може да се продолжИ само со писмена согласност на хаемодавателот и тоа во рок од 24 часа пред истекот на истиот.
7. Доколку возилото наемателот не го врати до датумот назначен како рок на важност на овој Договор, возилото ќе се смета за украдено и ќе се покрене постапка кај органите за внатрешни работи, а наемателот ќе сноси полна материјална и кривична одговорност.
8. Наемателот има обврска возилото да го чува и за истото обезбеди редовно сервисирање.
9. Возилото несмее да се користи, вози:
- за секаков вид на натпреварување, брзински проби или трки
- за превоз на запаливи и експлозивни материјали
- за против законски дејности (царински или девизни прекршоци)
- под дејство на алкохол, наркотици, средства за успивање и др. лекови
- надвор од собраќајниците од I,II и III ред
- надвор од државните граници без претходна согласност од наемателот
- за обучување на возачИ или полагање на возачки испит.
член 2

Наемателот се обврзува севкупно да ја надомести секоја штета која ќе произлезе од непочитување на одредбите и условите од член 1 од овој Договор, а обемот на истата ќе ја одреди наемателот.

член 3

За времетраењето на наемот, наемателот ги сноси трошоците за паркирање, гаражирање поправка на гуми, перење, казни за сообраќајни прекршоци како и сите останати а неспомнати трошоци кои не припаѓаат под редовно одржавање.

член 4

Поправка и замена на делови на возилото може да се вршат само во овластен сервис и со предходна согласност на наемодавателот, во спротивно наемателот ги сноси сам трошоците.,

член 5

Наемодавателот не го обештетува наемателот за губење или оштетување на личен багаж или стока која се наоѓа во возилото, за настанат дефект на возило-то за време на наемот доколку од тоа е сторена штета на наемателот.

член 6


Наемателот во случај на сообраќајна незгода или штета сторена под кој и да е било основ се обврзува:
- го извести наемодавателот и даде писмена изјава за настанот во рок од 24 часа
- повика и ја дочека сообраќајната полиција да изврши службен увид
- возилото да го обезбеди и остави на безбедно место
- забележи податоци на учесниците и сведоците

член 7

Наемателот е должен да ја надомести во целост сторената штета настаната од непочитување инепридржување на одредбите од член 6.

член 8

Користејќи го возилото согласно со одредби и услови од овој договор наемателот е осигурен од автоодговорност за штети спрема трето лице и за штети од пожар и кражба.

член 9

Наемателот е одговорен за:
- штета предизвикана од груба негрижа
- штета намерно сторена
- ако возачот во моментот на штетата не поседувал возачка дозвола
- ако возачот во моментот на штетата е под дејство на алкохол

член 10

Во случај на недоразбирање интерпретацијата на Англискиот и Македонскиот текст во овој Договор, Македонскиот текст се зема за званичен

член 12

Бо случај на спор надлежен е судот во Тетово